Слушајте Радио Кисс на интернет

https://kisstetovo.radioca.st/index.html?sid=1


Следете не на нашиот You tube канал

https://www.youtube.com/user/kisstelevizija


или на социјалната мрежа facebook

https://www.facebook.com/TV-KISS-Tetovo-139275546205065/


Копирајте ги линковите за да стигнете до нив

*****************************************************************

Телевизија Кисс започна да емитува програма во 1994 година и во тоа време беше една од првите приватни телевизиски куќи во Македонија. Нашиот телевизиски сигнал ја покрива полошката котлина и планинскиот регион, од Јажинце до Маврово. Програмата тече 24 часа, а емитуваме програма од наше производство како и лиценцни содржини.

Од информативната програма, секој ден, во 17.00 и 22.00 часот ја емитуваме централната информативна емисија Регионални вести, преку која до гледачите ги пренесуваме информациите од сите настани во регионот.

Ажурноста во информирањето, сеопфатноста и добриот баланс, ни обезбеди големо влијание во јавноста во нашиов регион и подалеку.

Развивајќи се Телевизија Кисс преку сопствена програма ги опфати сите аспекти од секојдневниот живот и одговори на интересите на публиката. На програмата редовно имаме спортска емисија, емисија за деца како и младнска програма. Многу успешно функционира и редакцијата за документарна програма, па во минативе години имаме создадено преку 100 документарни филмови. Се испробавме и во играната програма, па во нашето портфолио имаме еден игран и еден сериски филм.

Во Полошкиот регион но и пошироко, познати сме по то што нашите камери секогаш се на места на кои нешто се случува, а е интересно за телевизиската публика, која случувањата секогаш има прилика да ги види низ нашите репортажи.

Тв Кисс е Трговско друштво кое во целост е во приватна сопственост, се издржува исклучиво од вршење на рекламни услуги. Главнина од приходите се од реклами, следат соопштенија и огласи, а повремено емитуваме и емисии под покровителство.

Радио Кисс е постарата сестра на Телевизија Кисс и е формирано во 1993 година. Радиото емитува 24 -часовна програма, главно музика и рекламни спотови и соопштенија, но, има место и за информативна и друга програма. Исто како и телевизијата, и Радио Кисс е во целост во приватна сопственост и се издржува преку својата понуда на медиумскиот пазар.

 
     
 


 
 
11/30/2018 - Зимско одржување на патиштата

11/30/2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

11/30/2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

11/29/2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

11/29/2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

11/28/2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

11/28/2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

11/28/2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

11/27/2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

11/27/2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.