29.01.2010 - Започна со изградба Вудро Вилсон колеџот во Тетово

Со поставување на камен темелник и свеченост денес беше означен почетокот на градбата на Вудро Вилсон школото во Тетово.

Просториите на Вилсон колеџот се гради на патот од Тетово кон Брвеница, а се очекува објектите да бидат завршени до крајот на оваа година. Настава во ова школо се очекува да започне наредната година.

Вудрo Bилсон Колеџот е образовна институција која има свои кампуси во повеќе зeмји. Во овој единствен кампус во Македонија ќе можат да учат 999 ученици, а ќе бидат отворени 150 работни места.

На пригодната свеченост за значењето на оваа образовна институција зборуваа Адриан Маша, претседател на бордот на Вилсон Колеџот во Албанија, градоначалникот на општина Брвеница Енвер Пајазити, како и амбасадорот на Албанија, претставници на американската амбасада во Македонија.

Името на колеџот е дадено по 28-тиот американски претседател Вудpо Вилсон, а вработените и учениците се обидуваат да ги афирмираат вредностите кои тој ги застапувал како претседател и професор. Мотото на Вилсон колеџот е да придонесе кон слободниот развој на секој студент соодветно на психо физичките способности и потребите за напредното демократско општество. Основан е како дел од Принстон Универзитетот во САД.

Александар Самарџиев





 
     


 
 
26.05.2017 - Семејно насилство пријавила жителка на Требош

25.05.2017 - Државните училишта од Тетово имаат можност да се пријават за учество на Натпревар на дигитални училишта

24.05.2017 - Соборниот храм "Св.Св. Кирил и Методиј" во Тетово денес го одбележа патрониот празник

23.05.2017 - Две сообраќајки во тетовско

23.05.2017 - Полициски билтен

23.05.2017 - Од денес до 26 мај во Тетово ќе се одржи 6. издание на филмскиот фестивал "Вач аут"

22.05.2017 - Празникот Свети Никола летен, традиционално се празнуваше во црквата Свети Никола во Жилче

20.05.2017 - Празникот Свети Никола Летен ќе се одбележи во Жилче

20.05.2017 - Расте бројот на склучени бракови во тетовско

20.05.2017 - Хијалуронските филери се попопуларен тренд во светот

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.