07.07.2008 - Спорт

ФК Ренова вчера загуби од Бнеи Сакнин со 2-1 во второто коло од Интертото купот. Гипсарите вчера беа воздржани, особено во првото полувреме кога се тактизираше премногу и се чекаше грешка на противникот за постигнување погодок. Тоа најдобро го искористија израелците со нивното најсилно оружје-контранападите, па во 43 минута оправдано досудениот пенал го претворија во водство. Второто полувреме донесе поинтересна игра, во кое гостите го зголемија водството на 2:0 во 64 минута, кога речиси затаи целата одбрана, така што од околу 16 метри од свртување Лузон со одличен удар го изненади Елези. Меѓутоа, веќе во следниот напад гипсарите намалија на 1:2 преку одличниот Ибраими чиј погодок ги разбуди страсттите и амбициите за израмнување.

Неизвесен е настапот на КК Маврово во второлигашкото кошаркарско натпреварување за сезоната 2008/09. Гостиварци поради финансиската криза лани предвреме го напуштија прволигашкото друштво, а доколку Маврово го откаже учеството во втората лига за претстојната сезона неговото место ќе го пополни тимот на Ангели, кој го загуби баражот за влез во второлигашка конкуренција од битолска Хераклеа.

Во претстојниов период клубовите треба да ги достават комплетните списоци на играчи за сезоната која стартува наесен, согласно измените во составите кои настанаа по јунскиот преоден рок. Костурот на кошаркари на второлигашот Тетекс за претстојната натпреварувачка година е речиси неизменет. Во тимот кој се натпреваруваше во минатата сезона ќе ги нема единствено крилото Синиша Николовски и крилниот бек Александар Стефановски, а на списокот на играчи единственото ново име е Никола Ристовски.





 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.