30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата


Од 15 месецов започна да важи договорот што општина Тетово го склучи со тетовска фирма за зимско одржување на патиштата. Како што ни изјавија од канцеларија за односи со јавноста фирмата е избрана на претходно отворен тендер како најповолен понудувач. Имено за зимско одржување на тетовските улици и околни патишта од општинскиот буџет се издвоени 10 милиони денари. Вообичаено секоја зимска сезона се обезбедуваат и околу 360 тони сол и 120 тони ризла кои се фрлаат како превенција од подмрзнување на коловозите.

Од општина Тетово апелираат до граѓаните на соработка за непречена работа на машините за чистење на снежните наноси. При поголеми врнежи од снег потребно е самоиницијативно да извршат препаркирање на возилата и создавање на услови за побрзо и поефикасно чистење на снегот од улиците во градот. Понатаму граѓаните имаат обврска за чистење на снегот од тротоарите и местата пред влезовите на зградите и деловните објекти.

Инаку од Управата за хидрометеоролошки работи ниту за почетокот на месец декември не најавуваат снег, односно како што прогнозираат следува период на претежно стабилно време со умерена до значителна облачност, а во западните делови со услови за локален дожд. По котлините ќе има појава на магла.


Наташа Петровска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.