29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година


Слатко од тиква попознато како речел и колач со тиква се само дел од традиционални јадења со тиква кои доминираа на масата на вчера одржаната манифестација "Етно вешта жена" во Тетово. Публиката имаше можност да ги види и со поглед да се насладува на мајсторските изработки на вештите жени кои и овој пат докажаа дека имаат вредни раце.


За време на траењето на манифестацијата на посебни маси се месеше домашен зелник и се подготвуваа слатки декорации од чоколадо. Од неодамна во Вешта жена се приклучија и вештите деца. Вчера тие докажаа и покажаа што можат да направт со нивните мали вредни рачиња.


Вештите жени и деца со љубов и ентизујазам ги изработија своите кулинарски дела, кои на вчера одржаната манифестација беа продадени на публиката, а собраните пари веќе традиционално се наменуваат за хуманитарни цели.


И овој пат манифестацијата "Етно вешта жена" на едно место ги собра сите припаднички на понежниот пол од различни возрасти, од различна етничка припаднопост, од различна професија, од различни градови. Се пееше и се играше на заедничко оро.


Покривотели и на годинешната манифестација "Етно вешта жена" за Тетово се Радио и Телевизија Кисс


Наташа Петровска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.