29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

На регионалниот пат Тетово-Пирок, во тетовското село Синичане, вчеравечер околу 23 часот и 30 минути, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила ,,Голф,, со тетовски регистерски таблици, едното кое без дозвола го управувал 18-годишниот А.А. од Камењане и второто управувано од 18-годишниот А.И. од Пирок, како и паркирано возило „Гранд чироки“, исто така, со тетовски таблици, сопственост на 30-годишниот Ќ.М. од Синичане.

Возачот А.И. и сопатничките од истото возило на возраст од 12 и 41 година, пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира СВР Тетово.


Од информациите на СВР Тетово и епилогот од сообраќајните акциски контроли за санкционирање на непрописно престигнување.

Во тетовската акција контролирани се 40 возила, од кои 20 непрописно престигнувале, 6 на непрегледни места и 14 на друг начин, а за што биле изготвени 18 мандатни и 2 прекршочни платни налози.Со гостиварската контрола,пак, биле опфатени 22 возила.Шеснаесет од нив непрописно престигнувале.

На 16-те прекршители изготвени им се прекршочни платни налози, додека глобата за овој вид прекршок се движи од 45 до 300 евра во денарска противвредност.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.