28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

Најновите врнежи од дожд и ветрот го исчистија воздухот во Тетово. Според последните податоци од извршените континуирани мерења од страна на Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, тетовци вчера дишеле релативно чист воздух без надминување на среднодневната гранична вредност за ПМ 10 честичките, па вредностите кои доаѓаат од таму, се 44 микрограми на метар кубен.

Но, да не беше природата, бројките сигурно ќе беа далеку повисоки. Зашто познавачите на приликите се децидни: затоплувањето на домовите со дрва, најмногу придонесуваат за загадениот воздух во Тетово.

А најголемиот дел од анкетираните граѓани денес, се греат на дрва.

Секој со своето убедување, придонесува за помалку или повеќе загаден воздух. Денес тетовци ги изненадија белите дробови со чист воздух. Како ќе биде во иднина, по се изгледа дека зависи само и единствено од временските прилики. Ниту од граѓаните, ниту од локалната самоуправа.

Научна студија покажа дека во Тетово 38 проценти од смртните случаи се должат на загадениот воздух, додека просекот во Македонија е 22 отсто.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.