28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.


Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места. Голем дел од нив се упатија на прославата на денот на знамето на Албанија која се одржа на градскиот плоштад.


Тетовци во попладневните часови наидоа на затворени врати на канцелариите на општинската администрација. Вработените околу 13 часот ги напуштија работните места и се упатија на прославата на Денот на Албанското знаме на градскиот плоштад. Тие позади камера ни раскажаа дека нивните претпоставени им рекле, дека ако сакаат можат да го напуштат работното место поради празникот.

Се обидовме да добиеме одговор дали ова е официјална одлука на општината, но одговорните за односи со јавност во локалната самоуправа не беше на работа, ниту пак се јавуваше на неговиот службен телефон.

За разлика од општинската зграда каде ретко можеше да се сретне човек, во центарот на Тетово можеше да се забележи голема раздвиженост. Градот беше накитен со албански знамиња а по главните булевари се одржа градски марш по повод денот на албанското знаме.

Дел од граѓаните го одобруваат поставувањето на знамиња иако денеска не е ниту државен ниту верски празник, некои пак на тоа гледаат како на провокација.
Анкета .

Ова не е прва година по повод денот на Албанското знаме да не работи општинска админситрација, а слободно попладне на 28 ноември си земаат и голем дел од вработените државните институции со подрачните канцеларии во Тетово

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.