28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

Двајца малолетници од Тетово на возраст од 15 и 16 години, вчера пријавиле дека околу 16 часот и 30 минути, во угостителски објект во близина на крстосницата на улица „Илинденска“ и „Брвенечка кривина“ во Тетово, најпрво едниот, а потоа и другиот физички биле нападнати од три лица.

Триесет и седумгодишен тетовец, пак, сопственик на угостителски објект лоциран на улица „133“ во Тетово, вчеравечер околу 20 часот и 45 минути, пријавил дека во и надвор од објектот се случила меѓусебна тепачка во која учествувале две лица од Тетово на возраст од 20 и 27 години.

Во двата случаи полицијата работи на расчистување на пријвеното.

Во полицискиот билтен и информација за сообраќајна незгода случена вчеравечер околу 22 часот и 10 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, при што патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици, управувано од 20-годишник од скопско Шишево, удрило во 17-годишна тетовка ( пешак ). Повредента тетовка со истото возило пренесена е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Извршен е увд и се утврдува причината за несреќата и другите околности.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера, во редовни контролни активности вкупно откриле над 80 сообраќајни прекршоци, од кои 50-тина на тетовското и 20-тина на гостиварското подрачје. Меѓу нив, повторно најбројни се: погрешно паркирање ( 9 ), управување без возачка дозвола ( 9 ), алкохол ( 4 ), истечена регистрација ( 3 ), неатестирани фолии ( 3 ) и друго. Констатираните прекршоци заокружени се со прекршочни и мандатни платни налози.



 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.