27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

Колегите музичари од првиот гостиварски поп рок бенд Порта Нигра, создадоа песна посветена на прерано починатите другари и членови на групата, Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов.

Музиката и текстот ги напиша Атанасис Елинидис, песната ја пее Христос Елинидис-РУС, а е снимена и продуцирана во студиото на Ивица Брчиоски. Видео монтажата која ја направи Владимир Наумоски содржи снимки од телевизиски, фестивалски настапи и концерти на групата.

Стеве и Боби заминаа во вечноста, минатата година. Песната е објавена по повод годишнината од нивната смрт.

Бендот Порта Нигра во свое време беше забележителен на македонската музичка сцена. Некои од нивните поголеми хитови се: Каде одат сите девојки, Гордана, Блуз интродакшан и други. Учествуваа и на Макфест во 1991 година со песната Прости ми на Ванчо Димитров.





 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.