27.11.2018 - Повредени пешаци во две сообраќајки во Тетово.


Повредени пешаци во две сообраќајки во Тетово. Во несреќите има лица кои се здобиле со тешки телесни повреди.


Двајца пешаци, возрасна жена и 11 годишно момче, се здобиле со телесни повреди во две одвоени сообраќајни несреќи што вчера попладне се случиле во Тетово информираа од СВР Тетово.

Со потешки телесни повреди, скршеница на десната рака, поминала Б.В.(72) од Тетово откако околу 16 часот и 50 минути била удрена од Ровер со гостиварски таблички што го управувал засега непознато лице и кое веднаш по сообраќајката избегало. Повредената тетовка веднаш била прфрлена во тетовската клиничка болница каде и била констатирана скршеница на десната рака и пружена соодветна лекарска помош. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово и се работи на откривање на идентитетот на возачот и негово пронаоѓање.

Другата сообраќајна несреќа со повреден пешак се случила два часа подоца околу 18 часот и 50 минути на крстосницата од улиците Ѓоце Стојчески и ЈНА при што С.Х.(36) од Тетово управувајќи БМВ удрила во 11 годишно дете од Сиричино.

Поврденото дете било пренесено во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Полицијата по извршениот увид работи на расчистување на причините и другите поединости за сообраќајката.

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.