11/27/2018 - Почнува шестнеделниот божиќен пост


За православните христијани од утре започнува божиќниот пост. Овој пост е втор по должината на траењето, односно по велигденскиот пост. Во однос на строгоста за употреба на храна е поблаг, бидејќи е дозволено во одредени денови да се јаде масло за јадење и риба за поголемите празници. Целта на 6 неделниот пост е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од масна храна туку и со воздржување од лоши мисли и дела.


Верниците кои имаат здравствени проблеми треба да постат според своите можности. Бидејќи, како што вели отец Предраг Исаевски не е во прашање храната која ја внесуваме туку како се однесуваме со ближните. Секој може, а и треба да прости и помири со ближните, но и да направи некое добро дело.



Бидејќи датумот на Божиќ не се менува, овој пост секогаш почнува на 28 ноември и трае до Бадник на 6 јануари. За време на постот посни се и сите славски трпези.


Наташа Петровска

 
     


 
 
11/30/2018 - Зимско одржување на патиштата

11/30/2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

11/30/2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

11/29/2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

11/29/2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

11/28/2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

11/28/2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

11/28/2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

11/27/2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

11/27/2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.