26.11.2018 - Денес во ОУ Лирија во Тетово беше промовирана детска едукативна сликовница под наслов Иван и Илина

Денес во ОУ Лирија во Тетово беше промовирана детска едукативна сликовница под наслов Иван и Илина. Aвторка е Мимоза Петревска Геогиева, мајка на 15-годишната Илина, дете со Даунов синдром. Во сликовницата, чии примероци се бесплатни, се опишани ситуации од секојдневието, кога едно типично дете ќе се сретне со дете со Даунов синдром.

Сликовницата е наменета за типичните деца на возраст од 7-12 години, бидејќи истражувањата покажуваат дека токму на оваа возраст децата ги градат негативните стереотипи за луѓето со каква било различност.

На крајот од сликовницата се поместени корисни совети напишани на приемчив јазик за децата на оваа возраст, за тоа кои се спецификите на нивните врсници со Даунов синдром, како и корисни препораки како да се однесуваат со нив.

Пораката за пријателството меѓу Иван и Илина укажува на тоа дека со негувањето на довербата и отвореноста, како и со правилен воспитен и едукативен пристап може успешно да се надмине формирањето на негативни стереотипи кон децата со попреченост и да се гради една вистински инклузивна заедница. Во тој процес клучната улога ја играат родителите на типичните деца, како и наставниците, дефектолозите, психолозите, педагозите во училиштето.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.