26.11.2018 - Дваесет и едногодишно момче од Неготино-Полошко е лишено од слобода поради поседување марихуана

Со повреди во десниот бут здобиени од ловечка пушка вчера во тетовската клиничка болница бил донесен 44 годишен жител на Брвеница.
Според пријавеното во СВР Тетово, повредите ги здобил за време на лов во месноста ,,Дубрава,,, атар на село Брвеница. По укажаната лекарска помош, С.В. бил пренесен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза,, во Скопје. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот

Полицискиот билтен денес информира и за лишување од слобода на дваесет и едногодишно момче од Неготино-Полошко кај кого пронајдена е марихуана.По задржувањето во Полициската станица Гостивар, С.Х. е пуштен и се работи на целосно расчистување на случајот.

Инаку, изминатиот викенд во Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата. При контролата, откриени се вкупно 19 прекршоци, односно пречекорувања на дозволената брзина, од кои 10 во и 9 надвор од населено место, а кои најмногу се движеле од 30 до 50 километри на час, информира СВР Тетово.

Констатираните прекршоци во акциската контрола санкционирани се со 14 мандатни платни налози, 3 писмени опомени и со 2 барања за поведување на прекршочна постапка.Откриени, исто така, се и 8 други видови прекршоци.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.