26.11.2018 - Дел од учениците од основните училишта од Тетово револтот од аерозагадуавњето во градот го искажаа пред зградата на Општина Тетово


Дел од учениците од основните училишта од Тетово револтот од аерозагадуавњето во градот го искажаа пред зградата на Општина Тетово. Велат дека загадениот воздух лошо им влијае на нивното здравје, затоа се одлучиле на ваков радикален чекор.

Дел од учениците од основните училишта од Тетово денеска ја бокотираа наставата револтирано од тоа што локалната власт не презема мерки против аерозагадувањето. Тие ги напуштија училиштата се упатија кон градскиот плоштад а потоа со протестен марш пред зградата на Општина Тетово побараа властите да преземат конкретни чекори за намалување големата аерзагаденост.

Инаку Тетово пак е на неславните места на најзагадените градови во Европа. Најновата студија на Светската здравствена организација покажа дека градот под Шара е меѓу десетте најзагадени градови во Европа во 2018 година.
Студијата на светската здравстена организација вели дека како најголеми причини за загадениот воздух дури и во време кога не е сезона на аерозагадување е користењето на јаглен лигнит во домаќинствата и индустријата, но и неконтролираниот сообраќај и возила од каде се емитуаат штенти гасови. Инау студијата на светската здравствена органзиација се однесува за оваа година.
Според проценките на Светската здравствена организација во Македонија околу 1350 лица годишно умираат поради загаден воздух, додека економските трошоци се над 200 милиони евра

Според проценките на Светската здравствена организација во Македонија околу 1350 лица годишно умираат поради загаден воздух, додека економските трошоци се над 200 милиони евра

Ваквата статистика очигледно локалната власт не ја загрижува. Општина Тетово не преземаат конкренти мерки за намалување на аерозагаденоста, Напротив директно со своите постапки придонесуваат за зголемување на концетрацијата на штетните ПМ десет честички во воздухот.

На претоварната станица кај тетовски Требош се уште има купишта смет кои се таложат на земја. Мини диви депонии има низ Тетово поради нередовно собирање на сметот, а низ градот постојано се разнесува прашина од самите улици и тротоари кои не се мијат редовно.

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.