24.11.2018 - Во Тетово двојно повеќе има умрени лица поради загаден воздух во споредба со просекот низ Македонија

Тоа што Тетово со години наназад се наоѓа на првото место на листата на градови со загаден воздух е причина овој град да има и најмногу последици-најголема смртност кај населението. Она од што и намјногу се плашат тетовци дека загадениот воздух влиаје врз смртноста за жал го прикажува експертска студија. Научната студија покажува дека за околу 38 проценти од вкупниот број смртни случаи во Тетово причина е загадениот воздух. Низ Македонија просекот е 22 %

Доктор Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија и хигиена во тетовскиот Центар за јавно здравје укажува дека ова е прв пат на овој начин низ конкретни бројки да се презентираат негативните ефекти од загадувањето на воздухот врз населението.

„За жал ние немавме долго време направено респектабилна студија баш за аерозагадувањето и влијанието врз здравјето на населението. Оваа година е објавено во почетокот на октовмри во респектабилното списание Биомедикал истражувањата што се напрвени од колешката Мирјана Димовска и професор Ѓоргев, каде што се направени истражувања на пет години. И врз основа на тоа е направена проценка на влијанието односно оптеретувањто на здравјето на населението од амбинетниот воздух . Некаде 22 проценти од сите умирања се должат на амбиентниот воздух. Тука е и Република Македонија се вбројува со тоа што за Тетово е многу поголем тој просек. Многу повисок просек. Некаде околу 38 проценти према истражувањата се должат умирањата на годишно ниво причина дека е загадениот воздух“, вели доктор Давидовски.

На статистичките податоци за загадувањето се надоврзуваат и оние за бројот на заболувања на населението. Кардиоваскуларните и малигни заболувања се најчестите причини за умирање, но бројките за Тетово се застрашувачки.
„Според методологијата на испитувањата на оваа студија од кардиопулмонални заболувања на годишно ниво просек годишен умрени се 210 луѓе, а некаде просекот европски е 163, додека од малигни заболувања на годишно ниво умрени се 31 а околу 15 се движи просеко во европско ниво. Значи дупло е.“, рече докторот.

Студијата покажува дека најголемите причинители за загадувањето на воздухот со ПМ-10 честички со учество од 36 отсто се греењето на дрва кај домаќинствата, разните индустриски процеси со 33 отсто, а 20 отсто отпаѓаат на продукцијата на разни видови енергија. Се смета дека сообраќајот учествува со 2 проценти во создавањето на отровните честички прашина.

Светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 денови со загаден воздух, односно зголемено присуство на отровните ПМ 10 честички (цврсти честички прашина со големина до 10 микрометри). Во Тетово во 2013-та наместо 35, загадување над дозволените граници имало во 310 денови, наредната 2014-та абнормално загадување имало во 285 денови, во 2015 дури во 350 денови, а во 2016-та поминува со 302 денови. За 2017 година податоците се нецелосни.



 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.