23.11.2018 - Тетовската полиција денес опоменувала и казнувала пешаци кои преминувале надвор од обележани премини.

Денеска ( 23 ноември ) од 8 до 12 часот, во Тетово спроведена е акциска контрола, со која вкупно бил опфатен 21 пешак. Во контролата откриени, односно констатирани се исто толку прекршоци.Осум пешаци ги преминувале улиците надвор од обележан премин, а 13 не ја почитувале сообраќајната светлосна сигнализација.

На пешаците-прекршители изготвени им се 15 прекршочни платни налози и 6 писмени опомени, со напомена дека глобата за овој вид прекршок се движи од 35 до 50 евра во денарска противвредност, во зависност од тоа кој-каде и кога преминувал, на улица, крстосница и слично.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до пешаците да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат и на „црвено“, зашто се изложуваат на потенцијална опасност да бидат удрени од некое возило, односно ја загрозуваат сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.





 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.