23.11.2018 - Надлежностите за разрешување и назначување на директори во училиштата вратени на општина Гостивар

По девет месеци, надлежностите за разрешување и назначување на директори во училиштата во Гостивар, се вратија во рацете на градоначалникот. Добивањето на надлежностите назад беше повод за денешната прес конференција, кој се одржа во општина Гостивар.

Раководителката на општинскиот сектор за образование, Аслијан Снопче посочи дека во периодот додека надлежностите ги имало Министерството, низ училиштата биле направени многу нерегуларности.

На новинарско прашање: Дали тоа значи дека ќе се отпочнат процедури за разрешување на директори во училиштата, Снопче не даде прецизен одговор и рече дека повеќе информации ќе се знаат во наредниот период.

Министерот за образование Арбер Адеми пак изрази надеж дека по враќањето на ингеренциите, проблеми нема да има и го повика градоначалникот на координативна средба.

Министерството за образование му ги одзеде надлежностите за именување и разрешување на директори во училиштата на градоначалникот Таравари, во февруари, со образложение дека правел прекршувања на правилата и процедурите.






 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.