23.11.2018 - Ќе се реконструираат канцелариите на општина Тетово


Општина Тетово ќе потроши сума од 5 милиони денари во која не е пресметан данокот на додадена вредност за реконструкција на внатрешноста на општинската зграда. Како што стои во документот на Бирото за јавни набавки што е јавно достапен на интернет, планирано е да се изврши демонтажа на стариот под и замена со ламинат, замена на дрвените врати, бојадисување на ѕидовите, промена на електричната инсталација, изработка на спуштени тавани, промена на осветлувањето, реконструкција на санитарните јазли и промена на мебелот во канцелариите.

Граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека реконструкцијата не е проблематична, туку времето во кои се изведува не е погодно. Имено за повеќето од нив периодов има други приоритети во градот на кои треба да се потрошат пари.

Како што објави Бирото за јавни набавки на својата интернет страна, општина Тетово од 19 ноември отвора повик за прибирање на понуди за реконструкција на Салата на Советот и канцелариите на општината. Повикот ќе трае до 10 декември по што треба да биде избрана фирма која дала најповолна понуда. Како што стои во документот што е јавно достапен носителот на набавката е должен да го изврши предметот на договорот во рок од 30 дена од денот на добивање налог за работа. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет за 2018 година


Наташа Петровска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.