11/22/2018 - Од јуни наредната година ќе се рестартира Југохром кога се очекува да се изгради филтер станицата


Од јуни наредната година ќе се рестартира Југохром кога се очекува да се изгради филтер станицата, посочија од раководството на комбинатот и вицепремиерот Кочо Анѓушев по денешната средба во комбинатот во тетовско Јегуновце. Анѓушев го повтори ставот на владата дека нема да дозволи да работи фабриката, се додека не ги исполни еколошките услови за работа.


Со продолжување на изградбата на филтер станицата до нова година на работа ќе се вратат 150 работници. Напролет наредната година системот за отпрашување ќе биде завршен, а со тоа по повеќе од две години пауза ќе стартуваат двете големи печки, кои ќе овозможат вработување на 550 лица. Извршниот директор на Југохром Васко Скендеровски вели дека фабриката ќе работи со половина капацитет. За да се вратат сите 1000 работници треба да се изградат уште две одделни филтер постројки за останатите печки.


Отпуштените работници на Југохром се уште се надеваат дека фабриката ќе се рестартира. Велат дека голем број млади заминале од Јегуновце поради неработењето на комбинатот, од кој единствено егзистирале мештаните од овој крај.


Според ветувањето на владата и раководството на комбинатот, филтер станицата требаше да се изгради изминатава пролет, а со тоа фабриката да почне со работа. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој денеска беше во посета на фабриката рече дека изградбата на системот за отпрашуавње се одолжила зато што Макеоднската банка за подршка на развојот немала механизми на стопанството да одобрува кредити со ниски каматни стапки. Во меѓувреме изработена била нова програма на банката, преку која вчера го одобри кредитот од 1,5 милиони евра наменета за Југохром

Југохром не работи две години, откако владата му ја одзеде дозволата поради неисполнување на еколошките услови. И вицепремиерот Анѓушев денеска го повтори ставот дека комбинатот нема да работи се додека не се изгради филтер станицата.

 
     


 
 
11/30/2018 - Зимско одржување на патиштата

11/30/2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

11/30/2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

11/29/2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

11/29/2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

11/28/2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

11/28/2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

11/28/2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

11/27/2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

11/27/2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.