22.11.2018 - Мерната станица во Гостивар често покажува високо ниво на загаденост, особено доцна попладне и навечер

Гостиварци дишат загаден воздух. Изминатиот период, мерната станица во Гостивар често покажува високо ниво на загаденост во доцните попладневни и во вечерните часови. Вредностите на штетните ПМ10 честички во воздухот се три до четири пати над дозволени граници.

И без да се погледнат бројките од официјалното мерење, очигледно е дека воздухот не е чист, и непријатниот мирис се чувствува секојдневно.

Греењето на дрва е еден од главните фактори за загадувањето, што се докажа и со стартот на оваа грејна сезона. Од почетокот на ноември, до денес Гостивар имал 15-тина дена со надминување на средните вредности на пм10 честички.
Општината засега не најави некои посебни мерки против загадувањето. Единствено деновиве се прават контроли на фирмите кои поседуваат интегрирана Б еколошка дозвола. Се проверува дали и колку потенцијалните загадувачи ги почитуваат пропишаните правила и стандарди за заштита.

Според официјалните мерења, воздухот во Гостивар, оваа година имал повисоко средно ниво на штетни ПМ10 честички од дозволеното, вкупно 76 дена, што е двојно повеќе од границата што се смета за нормална.




 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.