22.11.2018 - Полициски билтен на СВР Тетово

Четириесет и тригодишен жител на тетовското село Лавце, вчера пријавил дека ноќта помеѓу 20-ти и 21-ви ноември, диво животно му оштетило 7 сандаци со пчели кои биле поставени во оградена нива во месноста „Стрмол“. Оштетувањето е фотодокументирано.

Од тетовската полиција информираат и за сообраќајна незгода случена вчера околу 19 часот и 30 минути, на крстосницата на улиците „Борис Кидрич“ и „Благоја Тоска“ во Тетово во која учествувале две патнички возила со тетовски регистерски таблици: „Рено клио“ управувано од 19-годишник од Порој и „Опел астра“, што го управувала 22-годишна жителка на Мала Речица. Возачот на „Астрата“ и сопатничка од истото возило на возраст од 46 години нешто подоцна се обратиле за помош во тетовската клиничка болница.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера окриени и законски санкционирани со изготвување на прекршочни и мандатни платни налози се вкупно 100 различни видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-64 и ГВ-36 ). Меѓу прекршоците, повторно најбројни се: непрописно паркирање ( 21 ), неприлагодена брзина, непоседување возачки дозволи, возач-почетник и други. Засилените контролни активности ќе продолжат и во наредниот период, не само на тетовските и гостиварските улици, туку и на околните регионални и локални патишта.

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.