08.11.2018 - Полицијата бележи два физички напади во текот на вчерашниот ден

Полицијата бележи два физички напади во текот на вчерашниот ден. 17- годишник од тетовското село Челопек, пријавил дека чекајќи автобус на улица „Илинденска“, во близина на Шарена џамија во Тетово, околу 19 часот му се доближил 18-годишник од Горно Палчиште и физички го нападнал. Напаѓачот е пронајден и приведен во Полициската станица Тетово. Против него ќе следува поднесок.

Физички нападнат бил и 27-годишник од гостиварското село Чегране. Според пријавеното околу 23 часот и 30 минути во и надвор од чајџилница во селото, во која престојувал, физички бил нападнат од двајца негови соселани на возраст од 41 и 53 години. Од двете пријавени лица физички бил нападнат и неговиот брат кој се обидел да ги раздели. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Во полицискиот билтен на СВР Тетово и информација за пронајден кокаин. Полициски службеници на Секторот за внтрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, вчера од 13 часот и 30 минути до 14 часот, извршиле претрес во угостителски објект, лоциран на улица „ЈНА“ во Гостивар. При претресот, во собата во која престојувале 34-годишна жителка на Ростуше и 21-годишен скопјанец, пронајден е кокаин, како и една банкнота со остатоци од кокаин.
Двајцата лишени се од слобода и по целосното расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.


 
     


 
 
18.11.2018 - Како да се произведе енергија, а притоа да не се загрози животната средина

18.11.2018 - Народното тетовско пеење непривлечно за младите

18.11.2018 - Во Гостивар трибина „Преку Илинден и АСНОМ до Уставот на Република Македонија“

18.11.2018 - Етно вешта жена во Гостивар

17.11.2018 - Во Тетово отруени 30 тина бездомни кучиња

17.11.2018 - 500 деца во Македонија се со дијабетес тип 1

16.11.2018 - Кривична пријава за албански државјанин што сторил тешка кражба во Тетово

16.11.2018 - Регистрирани два шумски пожари во полошко

16.11.2018 - Расветлени неколку кражби во верски објекти

16.11.2018 - Ослободителна пресуда за гинекологот Казимир Копривњак донесе Основниот суд Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.