07.11.2018 - Дел од тротоарот на булеварот "Благоја Тоска" ослободен за движење на пешаци



Тротоарот на булеварот "Благоја Тоска" на потегот од пазарот кон касарната на десната страна е ослободен за движење на пешаци. Возачите отсега своите возила ги паркираат исклучиво на коловозната лента, во спротивно возилото го подигнува пајак службата. Од левата страна на дел од булеварот, се уште возила се паркираат на тротоарот.

Телевизија Кисс во неколку наврати информираше дека граѓаните на повеќе сообраќајници во градот, посебно на Благоја Тоска, се принудени да ги користат коловозите и да се изложуваат на опасност, затоа што тротоарите се зафатени со паркирани возила. Тетовци сметаат дека ослободувањето на пешачките зони во градот треба да биде постојана и приоритена акција на општинските власти.

Сопствениците на возила и понатаму на мака, немаат доволно паркинг места за паркирање пред зградите во кои живеат, но и на другите улици во градот. Бараат од општинските власти ефикасно и долгорочно решение.

Како што не информираа од канцеларијата за односи со јавноста на општина Тетово, воспоставениот ред на возилата на булеварот "Благоја Тоска" е резултат на заедничката акција на СВР Тетово и општина Тетово, а иницирана од група граѓани кои живеат на оваа улица. Засега нема најава дека ќе биде воведено зонско паркирање на овој булевар.

Понатаму на прашањето за немањето доволно паркинг места и користењето на некои пешачки зони за таа намена, како на пример платото покрај плоштадот, од општина Тетово ни одговорија дека паркирање на плоштадот не е дозволено и затоа е поставена рампа која за жал се демолира од несовесни гарѓани.


Наташа Петровска

 
     


 
 
18.11.2018 - Како да се произведе енергија, а притоа да не се загрози животната средина

18.11.2018 - Народното тетовско пеење непривлечно за младите

18.11.2018 - Во Гостивар трибина „Преку Илинден и АСНОМ до Уставот на Република Македонија“

18.11.2018 - Етно вешта жена во Гостивар

17.11.2018 - Во Тетово отруени 30 тина бездомни кучиња

17.11.2018 - 500 деца во Македонија се со дијабетес тип 1

16.11.2018 - Кривична пријава за албански државјанин што сторил тешка кражба во Тетово

16.11.2018 - Регистрирани два шумски пожари во полошко

16.11.2018 - Расветлени неколку кражби во верски објекти

16.11.2018 - Ослободителна пресуда за гинекологот Казимир Копривњак донесе Основниот суд Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.