06.11.2018 - 17 годишна девојка вчера падна и се удави во водите на Вардар во Гостивар

17 годишна девојка која вчера падна и се удави во водите на Вардар во Гостивар откако беше нападната од кучиња скитници, денеска попладне беше погребана на селските гробишта во гостиварско Здуње. Жителите на селото и роднините на девојчето бараат одговорност од општината за трагичниот настан. Локалната власт пак смета дека доволно работи на решавање на проблемот со кучињата скитници

Речиси четири часа се трагаше по 17 годишната девојка, чие мртво тело беше пронајдено синоќа околу 22 часот и триесет минути низводно по течението на Вардар на околу шест километри од местото каде средношколката паднала во брзите води

Водостојот бил голем, хидроцентралите го намалиле нивото, но било предоцна, никој не успел да ја спаси. Случајни минувачи забележале дека таа се дави, откако паднала во реката по борбата со кучињата скитници.

Девојката учела во гостиварската гимназија. Се враќала од училиште со уште еден ученик и по кејот на реката Вардар долж градскиот парк се упатиле на автобуска постројка, за да се вратат дома во гостиварско Здуње. Веста за смртта ги потресе жителите на селото. Бараат одговорност од општината за трагичниот настан.
Изјава роднина на починатото девојче
Гостиварци велат дека се секојдневни сведоци на напади од кучиња скитници, најчесто во централното градско подрачје.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравар изрази жалење за настанот, но јавно пред камера не даде изјава.
Преку социјалните мрежи апелираше да не се прават драми и политики од настанот. Како што посочи не бил човек што не презема одговорност, но за проблемот со кучињата скитници кој ја зеде и првата жртва, смета дека општината работи во добар правец за негово решавање.

-Не сум навикнат да не сносам одговорност, но математички нашата екипа го правеше и го прави невозможното за да се стабилизира состојбата каде што затекнавме едно куче не метар квадратен. Ако се откажеме покажуваме 0 одоговорност, ако продолжиме да ја водиме битката со кучињата, значи имаме сила и дигнитет. Досега сме оперирале 50 кучиња скитиници и сме вакцинирале стотина вакви бездомни животни, рече Таравари

За настанот се огласи и премиерот Зоран Заев. Тој смета дека треба да се промени законската регулатива во однос на згрижување на кучињата скитници која според него е комплицирана и затоа голем број градови се соочуваат со незгрижени животни.

Во Гостивар нема се уште центар за чување и третирање на кучињата скитници иако беше најавено дека тие ќе бидат згрижени во просториите на поранешната гостиварска касарна.


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.