06.11.2018 - Шест лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила вчера во Долно Палчиште

Пет лица се повредени и задржани на болничко лекување, а двегодишно дете е пуштено дома, откако биле повредени во сообраќајна незгода која се случила вчера околу 17 часот и 50 минути, на локалниот пат Пирок-Тетово, во Долно Палчиште. Според информациите на СВР Тетово, во неа учествувале две патнички моторни возила: „Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 39-годишна жена од Џепчиште и „Форд мондео“ со италијански таблици, што го управувал 37-годишник од тетовско Ново Село. Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата, околностите во кои се случила и се друго.

Од СВР Тетово информираат и за пронајдено оружје во домот на жител на село Пирок. Во претресот, реализиран со судска наредба, од неговиот татко одземена е ловечка пушка калибар 16 милиметри, расклопена на три дела, која била пронајдена во дрвен сандак. Педесет и деветгодишниот жител на Приок лишен е од слобода за целосно расчистување на случајот.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.