05.11.2018 - За еден ден полицијата има регистрирано три физички напади на полошкото подрачје


За еден ден полицијата има регистрирано три физички напади на полошкото подрачје во кој се користело и остри предмети. Полицискиот билтен бележи и сообраќајка во која една жена се здобила со тешки телесни повреди.

Шеснаесетгодишник од гостиварското село Чегране, вчеравечер во салон за забавни игри во Чегране, најпрво физички се пресметувал со 17-годишник од истото село и негов роднина, а потоа од панталоните извадил нож и му нанесол убодна рана во левата нога.

Извршен е увид, обезбеден е 16-годишникот, пронајден и одземен е ножот за вештачење и се работи на целосно расчистување на случајот.Истиот ден 34-годишниот тетовец вработен во спортска обложувалница лоцирана на крстосницата на улиците „ЈНА“ и „Јане Сандански“ во Тетово, физички бил нападнат од две лица, од кои едното го знаел, кои во меѓувреме оштетиле и еден телевозор во објектот, по што набрзина го напуштиле местото.

Осумнаесетгодишниот Д.Ј. од тетовското село Челопек, вчера ( 4 ноември ) пријавил дека околу 1 часот на улица „Јордан Златановски“ во Тетово, каде што претходно го паркирал своето возило и отишол да го земе, физички бил нападнат од две непознати лица.

Се превземаат мерки и активности за расчистување на сите три случаи

На локалниот пат Тетово-Требош се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила: „Опел вектра“ со тетовски регистерски таблици, што без дозвола го управувал 22 годишник од Требош и „Форд мондео“ со српски таблици, управувано од 28-годишна српска државјанка од Ваљево
По несреќата, сопатничката од „Вектрата“ од Требош со задобиени повреди пренесена е во тетовската клиничка болница. Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата, околностите во кои се случила и се друго.

 
     


 
 
18.11.2018 - Како да се произведе енергија, а притоа да не се загрози животната средина

18.11.2018 - Народното тетовско пеење непривлечно за младите

18.11.2018 - Во Гостивар трибина „Преку Илинден и АСНОМ до Уставот на Република Македонија“

18.11.2018 - Етно вешта жена во Гостивар

17.11.2018 - Во Тетово отруени 30 тина бездомни кучиња

17.11.2018 - 500 деца во Македонија се со дијабетес тип 1

16.11.2018 - Кривична пријава за албански државјанин што сторил тешка кражба во Тетово

16.11.2018 - Регистрирани два шумски пожари во полошко

16.11.2018 - Расветлени неколку кражби во верски објекти

16.11.2018 - Ослободителна пресуда за гинекологот Казимир Копривњак донесе Основниот суд Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.