10.10.2018 - Приведено лице од Камењане кај кого е пронајдена дрога

Лишен од слобода 29-годишник од Пирок, вчеравечер во тетовското село Камењане. При извршен преглед, пронајдена му е марихуана, ризла и пластично шише со непозната течност. Сето пронајдено е фотодокументирано и одземено за вештачење. Се работи на расчистување на случајот по што против лицето ќе следи соодветен поднесок.

Полицијата постојано спроведува засилени акции за сузбивање на трговијата со дрога, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасоски, при денешната посета на полицискиото одделение Галате.

Инаку од СВР Тетово информираат и за случај во кој 48-годишник од долнореканското село Требиште вчера се самоповредил, откако во месноста „Осој“, сечејќи дрва со моторна пила, на главата му паднало дел од дрвото. По укажаната лекарска помош во Здравствениот дом Ростуше и гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, упатен е и задржан на скопските клиники.

На скопските клиники завршил и 29-годишник од гостиварска Долна Бањица. Тој утрово работејќи на изградба на sид, од засега неутврдени причини, загубил рамнотежа, паднал на бетонска подлгога и задобил повреди.

Во полицискиот билтен и информација за оштетување на црквата „Свети Атанасиј“, лоцирана на тетовското Кале. Изминатите десетина дена, засега непознати сторители со камења скршиле 7 прозорски стакла на цркавата и причиниле вкупна материјална штета која се проценува на околу 6000 денари. Се преземаат мерки и активности за откривање на сторителите.






 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.