10.10.2018 - Планинарско еколошкото друштво Аргентус Моунт од Тетово испрати соопштение до јавноста откако на кулата на Титов врв е други лица е поставена спомен плоча

Во соопштението Планинарско еколошкото друштво Аргентус Моунт потенцира дека спомен плочата на планинарската кула на Титов врв тие не ја поставиле и дека нема таква согласност од Федерацијата на Планинарски Споротови на Македонија како и дека е во спротивност на Правилникот за планинарски домови.

Во соопштението се вели дека идеологот е поранешен нивен член, кој со ова поставување има за со цел провоцирање на реакции и контрареакции на етничка основа со цел материјално оштетување на Кулата.

Тие истакнуваат дека спомен плочата е нелегално поставена на 8 Септември 2018 година од 10-мина планинари од албанската етничка заедница од Тетово
На спомен плочата е гравиран лик на стар човек повеќе со верски лик отколку со работничко мајсторски лик, кој според говорот на еден од поставувачите поставен на социјалните мрежи е преставен како градител на Кулата.

Во соопштението се наведува дека тој бил учесник во изградбата како платен градежен работник-мајстор од тогашната фирма кои ја реализирале градбата.

На спомен плочата е напишан текст само на албански јазик кој во превод е со содржина: Џемал Алиу-Вела,1897-1971. Не му беше доволна љубовта за нацијата,тој за неа придонесе и на врвот на Шара.Кулата е изградена во 1957 година.

Понатаму во соопштението од планинарско еколошкото друштво Аргентус Моунт истакнуваат дека во изградбата на Кулата никој не работел од љубов кон нацијата туку сите градежни работниици работеле за плата со додатоци за теренска работа;- планинарската Кула на Титов врв била иницирана од Планинарскиот сојуз на Македонија,проектирана и изградена во форма на штафета од која неколку години тргнувала планинарска штафета по повод Денот на младоста и со таа љубов била изградена; заслужува секоја чест секој кој учествувал во изградбата на Кулата било како платен градежен работник или како ангарија;

Инаку ПЕД Аргентус Моунт после 62 години од градбата иницирала и добила овластување од Федерација за реконструкција на Кулата како безбедно планинарско засолниште за сите планинари од земјата и странство.


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.