09.10.2018 - Втор ден водата во Тетово со изменет мирис и вкус


Втор ден како за некои од граѓаните од Тетово е неприфатливо да ја пијат водата од градскиот водовод. За нив водата и понатаму има непријатен мирис кој го опишуваат како мирис на лекови, железо, пластика или варикина.

Како што ни изјавија од Центарот за јавно здравје Тетово, првичните резултати по 24 часовна опсервација на мострите вода покажале и бактериолошка исправност, откако вчерашните анализи за физичко - хемиска исправност исто така беа во ред. Екипа на Центарот за јавно здравје Тетово денес повторно била на терен и утврдила дека водата на изворите, во градскиот резервоар и во филтер станицата нема мирис. Од таму проблемот го лоцираат најверојатно во мешањето на водите од Шарпланинските извори и површинските води кои се зафаќаат со новата водоводна мрежа и минуваат низ филтер станицата.

Инаку од вчера наутро граѓаните почнаа да се жалат дека водата која им истекува од чешмите има изменет вкус и мирис и истите беа загрижени за здравствените последици од нејзино козумирање. Центарот за јавно здравје Тетово и вчера смируваше дека водата е исправна за пиење и одржување на секојдневна хигиена, но дека крајната одлуката останува на граѓаните дали ќе ја пијат или ќе користат флаширана вода.

Во октомври лани, тетовци за прв пат го почуствуваа изменетиот мирис и вкус на водата за пиење. Првично надлежните тогаш препорачаа користење на флаширана вода до откривање на причината. Но, по сите опсежни испитувања беше утврдено дека водата сепак е исправна за пиење. До измена на мирисот и вкусот на тетовската вода беше заклучено дека дошло по пуштањето во употреба на новиот градски водовод, а причината најверојатно лежи во листовите од дрвјата кои паѓале во површинските води од кои се снабдува градот преку новиот градски водовод.


Наташа Петровска

 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.