09.10.2018 - За еден месец, тетовската полиција уапси 150 лица кои пробувале конзумирале и продавале дрога


Полициските акции изминатиов месец покажаа дека на полошкот подрачје масовно и неовластено се произведува и пушта во промет дрога. За нецели четири недели, откриени се околу 150 лица кои тргувале, произведувале или конзумирале наркотични средства.


Само за изминативе три дена откриени се 30 лица на полошкото подрачје, кои неовластено производувале, пуштале во промет и конзумирале на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Со тоа бројката на ваквите престапници во тетовско – гостиварскиот регион достигна до 150 лица

Ноќеска околу 1 часот, на улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово лишиле од слобода две лица од Тетово на возраст од 48 односно 34 години. Пред нивното лишување едното од нив фрлила најлонско ќесе со кокаин, кое го имала, а во непосредна близина бил пронајден и шприц со непозната течност.

На улица „Злате Дамјановски“ во Гостивар пак вчеравечер околу 22 часот, лишени од слобода се 37-годишник од Скопје и 46-годишник од Гостиварец кај кои пронајдено, фотодокументирано и одземено за вештачење им е ќесе со кокаин. По целосното расчистување на дват случаи ќе следува соодветен поднесок.
Во полициска акција вчера околу 16 часот и 40 минути, на нива засадена со пченка во атарот на тетовското село Слатино, во месноста „Боре“, сопственост на 51-годишник од ова село, пронајдени се 30 до 50 стабла, најверојатно марихуана, со различна големина од 30 сантиметри до 2 метри.Пронајдените стебла се искорнати и подигнати за вештачење.Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Најголемиот број од нив од престапници на ваквите дела се од тетовското, а потоа од гостиварското подрачје.

Од СВР Тетово веалт дека ваквите полициски акции ќе продолжат и во наредниот период, со цел намалуавње на оваа појава која во последно време ја практикуваат и малолетниците.

 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.