09.10.2018 - Со реакции во врска со квалитетот на водата и со водните политики се огласија невладините организации

Невладината организаија Еко Герила побараа одговорност од надлежните инстиотуциите на локално и централно ниво поради проблемот со квалитетот на водата. Тие бараат Владата да ја казни општинската неодговорност.

„Имаме молк и неодговорност од градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи, која во хаотична ситуација како ова не успеа да го адресира и разјасни проблемот со водата. Граѓаните се збунети и во паника за тоа како да се постават кон вода за пиење за нив и нивните деца.
Бараме директна одговорност и на премиерот Зоран Заев за последователни скандали кои се случуваат во нашиот град, како резултат на неспособноста во работење на општината и на градоначаничката Арифи. Проблеми со вода за пиење, за ѓубре, нечистотијата во градот, узурпација на јавните простори, финансиска нетранспарентност, градски сообраќај, паркинг, итн. На раководни позиции , се поставуваат неспособни и некомпетентни луѓе за задачите и должностите што треба да ги извршуваат. Премиерот лично беше дел од кампањата за избор на градоначалникот што го имаме. Итно бараме од Владата да и ги одземе надлежностите на општина Тетово заради неможноста да се справи со градот и со секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Ако оваа неподнослива ситуација продолжи, одговорот на граѓаните ќе биде жесток, се вели во соопштението на невладината Еко Герила.

Неколку невладини организации, пак, основаа Национална хидро мрежа, која ќе овозможи граѓаните да учествуваат во креирањето на водните политики, односно при креирање на цената на водата за пиење и нејзиното управување.

Од Центарот за еколошка демократија Флорозон велат дека во земјава водата не се користи рационално и на тоа поле има голем простор за дејствување, што е и една од целите на проектот што го спроедуваат, односно да се подигне свеста на граѓаните рационално да ја користат на водата за пиење.




 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.