08.10.2018 - Ден по големиот пожар во станбената зграда во блок 82, целиот стан е речиси нефункционален, семејството привремено ќе живее кај соседите

Црни ѕидови, мирис на чад и нефункционални простории. Ден по големиот пожар во станбената зграда во блок 82, сликата е ваква. За среќа, ова е единствената штета за петте члена на семејството Деари, кои за време на пожарот биле дома. Сопственикот Фадиљ Деари го разбудила невообичаена топлине која доаѓала од спалната соба каде најпрво горел душекот. Се обидел да го спречи да не се прошири, но не успеал.

120 квадратниот стан на седмиот кат од зграда Б, го проголтаа огнените јазици, единствено мебелот во салонот и кујната останал незафатен, се друго е претворено во пепел. Деари се сомнева дека ваквата катастрофа настанала од вклучени лед светилки покрај креветот во спалната соба.

Семејството Деари во станот се вселило пред три години, истиот се уште го исплаќаат преку станбен кредит. Денес започнаа подготовките околу расчистување на станот по големиот пожар и негово целосно обновување. До тогаш, петчленото семејство Деари ќе престојува кај соседите.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.