25.09.2018 - Чист Хероин, збирката раскази на гостиварецот Дејан Крстески беше промовирана пред домашната публика

Збирката раскази со скокотлив наслов Чист Хеорин на гостиварецот Дејан Крстески промовирана пред својата домашна публика во галерија Култ во Гостивар. Во интимна атмосфера, во простор каде се судираат модерни и ретро елементи, со одбрано друштво, беа прочитани дел од расказите на најновото книжевно чедо на Крстески.

Збирка раскази Чист Хероин е во издание на ПНВ Публикации. На нејзините страни се издлабени четириесетина раскази за општочовечки потреби и филозофски прашања. Прашувајќи го за неговата инспирација, Крстески ќе каже:Човечкиот живот и човечките судбини се секогаш инспиративни за мене. Едноставно, животот е моја инспирација.

Со издавање на своите збирки, Крстески започна пред четири години. Од тогаш до сега, смета, сменет е неговиот начин на пишување, а во делата се чувствуваат позрели нијанси.

Чист хероин во јуни беше промовирана во Домот на културата Кочо Рацин во Скопје. Крстески е добитник на повеќе литературни награди и признанија. Негови претходнизбирки се Поглед кон небото издадена 2014 и стихозбирката Луѓе без лице во 2015. Следното негово дело, Крстески најавува, ќе биде сосема поразличен книжевен вид.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.