24.09.2018 - Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред

Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред, меѓу кои и народните херои Ѓоце Стојчески Амбарче и Тодор Ципоски Мерџан, како и жители на селото.

Настанот го организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци од Гостивар во соработка со тетовската боречка организација и со месната заедница на Беличица.

„На 19 септември 1944 година, на овој простор, силата и бруталноста ја потиснаа свеста и надвладеа надразумот. Овде во село Беличица на тој ден, зората не можеше да се вклопи во утрото, а денот не можеше да се раздени. Пламените јазици шараа по небото на Беличица, измешани со врисокот и лелекот од очајот на оние кои гореа живи.“, беше речено на комеморацијата.

На 19 септември 1944 година, бранејќи ја Беличица, во судирот со злосторничките банди загинале 21 припадник на Тетовскиот партизански одред. Осумнаесет жени, деца и старци од селото биле стрелани и фрлани во огновите на запалените куќи.







 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.