24.09.2018 - Кривични пријави за кражби поднел СВР Тетово против три државјанки на Бугарија кои краделе низ бутици

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(25) и две малолетнички на возрат од 15 и 16 години, сите од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „кражби“. Пријавените ги извршиле кражбите во текот на минатиот и овој месец. Тие влегувале во бутици под изговор да разгледуваат, но го искористувале невниманието на сопствениците и одзеле паричници и чанта. На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 216.000 денари, информира СВР Тетово.

Ноќеска околу 1 часот, во близина на угостителски објект на улица „Никола Тесла“ во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале А.Р.(39 ) и Б.С.( 24 ), двајцата од Тетово. Двајцата учесници во тепачката, кои биле видливо алкохолизирани, приведени се и задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расветлување на сите поединости, против нив ќе следува соодветен поднесок согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Вчера ( 23 септември ) околу 2 часот и 45 минути, на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на клучката за Камењане, патничко возило „Пежо“ со скопски регистерски таблици, управувано од 42-годишниот Ф.Ц. од Кичево удрило и усмртило куче, кое неконтролирано се движело по коловозот.Од удирањето, нема повредени лица во возилото, а причиената е само материјална штета.

Денеска ( 24 септември ) околу 7 часот и 40 минути, во гостиварското село Неготино, 42-годишниот М.Х. бил нападнат од повеќе кучиња-бездомници.При тоа, за да го избегне нападот, паднал на левата страна и задобил тешки телесни повреди ( скршеница на раката ). Со возило М.Х. пренесен е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување.



 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.