24.09.2018 - Контролни активности на СВР Тетово.
Вчера ( 23 септември ) при редовни контролни активности спроведени од полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вкупно откриени се 10 лица ( ТЕ-5 и ГВ-5 ), кои непоседувале возачки дозволи.Покрај тоа, откриени се и 8 возила ( ТЕ-3 и ГВ-5 ) со истечена регистрација до и над 30 дена.
На возачите без дозвола и со истечена регистрација изготвени им се поднесоци и ги очекуваат глоби од 100 до 300, односно 500 евра во денарска противредност, зависно од видот на прекршокот.
Овие два видови прекршоци, заедно со пребрзото возење, се најприсутните на подрачјето и годинава и поради тоа и во наредниот период ќе бидат во фокусот на редовните и акциските контроли, со цел нивно навремено откривање и ефикасно законско санкционирање.
|
|