14.09.2018 - Во Гостивар денес се одржа работилница на која беа презентирани можностите за финансиска поддршка на проекти од ЕУ и начините како да се искористат

Во Гостивар денес беа претставени можностите за финансирање на проекти кои ги нуди Европската унија преку своите фондови и како тие најдобро може да се искористат. Работилницата беше наменета за граѓанскиот сектор, претставници на здурженија, локалната самоуправа и бизнис заедницата. Никола Бертолини, раководител за соработка при Делегацијата на ЕУ, пред присутните зборуваше за актуелната и за идната планирана поддршка на проекти од страна на Европската Унија.

Бертолини истакна дека во моментов се спроведуваат околу 180 проекти поддржани од ЕУ низ општините во Македонија, а како лидер во искористување на грантови го посочи Куманово. Тој рече дека целта на ваквите работилници е подготовка и подобра инфомираност за поголемо искористување на европските фондови.

-Можности има многу. ЕУ троши 90 милиони евра, годишно, за проекти на национално и локално ниво. Проектите, коишто ние ги финасираме имаат две цели. Првата е да се зголеми благосостојбата на граѓаните и втората, да се подготват подобро државите за влез во ЕУ. Даваме поддршка за реализирање на проекти за подобра инфраструктура, владеење на правото, заштита на животната средина, економски равој, образование, вработување и други. Преку овие работилници имаме за цел да ве подготвиме и да ве информираме на кој начин може да стигнете до средствата од фондовите, рече Бертолини.

Учесниците на работилницата споделија свои искуства околу пречки и слабости со кои се соочиле во спроведување на активности финансирани од ЕУ, како и за главните проблеми откако проектот ќе биде завршен, односно како да се обезбеди одржливост.

Денешната работилница во Гостивар е дел од Кампањата ЕУ за тебе, која Делегацијата на Европската Унија ја спроведува периодов во повеќе градови низ Македонија.



 
     


 
 
25.09.2018 - Чист Хероин, збирката раскази на гостиварецот Дејан Крстески беше промовирана пред домашната публика

25.09.2018 - Реномираниот хор Кочо Рацин од Скопје утревечер ќе одржи концерт во Духовно-културниот концерт Кирил Пејчиновиќ во Лешок

25.09.2018 - Група млади гостиварци учат за мултукултурата и развиваат креативни идеи преку уметноста

25.09.2018 - Преку засилени контролни активности на СВР Тетово се контролира техничката исправност на возилата

25.09.2018 - Од вербална расправија до тепачка со мотика и кршење на излог на трговски објект во Гостивар

25.09.2018 - Ќе се ослободат ли тетовските тротоари од паркирани возила?

24.09.2018 - Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред

24.09.2018 - Тетово затрупан со смет

24.09.2018 - Кривични пријави за кражби поднел СВР Тетово против три државјанки на Бугарија кои краделе низ бутици

24.09.2018 - Контролни активности на СВР Тетово.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.