14.09.2018 - Ќе се проширува црквата "Свети Атанасиј" во Брвеница




Од вчера започнаа подготвителните работи за проширување и обновување на црквата "Свети Атанасиј" во Брвеница. Со помош на донации на верниците планирано е да се изградат нови бочни ѕидови и влез на овој божји храм со што ќе се добие поголем простор кој ќе може да собере голем број верници во внатрешноста на црквата.



По повод почетокот на градежните работи за проширување и обновување на црквата "Свети Атанасиј" во Брвеница во недела на 16 септември ќе се изврши водосвет и молебен за успешен почеток. Со светата божествена литургија со почеток во 8.30 часот ќе чиноначалствува Неговоро Високопреосвештенство Митрополитот тетовско - гостиварски Господин Јосиф.



Се покануваат верниците за што помасовно присуство на молебенот за успешно проширување и обновување на црквата "Свети Атанасиј" во Брвеница. Додека пак, заинтересираните граѓани кои сакаат за здравје да донираат и да помогнат во изградбата истото можат да го сторат лично во црковната каса или пак на жиро сметката за донации.


Наташа Петровска

 
     


 
 
18.11.2018 - Како да се произведе енергија, а притоа да не се загрози животната средина

18.11.2018 - Народното тетовско пеење непривлечно за младите

18.11.2018 - Во Гостивар трибина „Преку Илинден и АСНОМ до Уставот на Република Македонија“

18.11.2018 - Етно вешта жена во Гостивар

17.11.2018 - Во Тетово отруени 30 тина бездомни кучиња

17.11.2018 - 500 деца во Македонија се со дијабетес тип 1

16.11.2018 - Кривична пријава за албански државјанин што сторил тешка кражба во Тетово

16.11.2018 - Регистрирани два шумски пожари во полошко

16.11.2018 - Расветлени неколку кражби во верски објекти

16.11.2018 - Ослободителна пресуда за гинекологот Казимир Копривњак донесе Основниот суд Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.