13.09.2018 - Бизнисите во Македонија не се општествено одговорни.



Бизнисите во Македонија не се општествено одговорни. Ретко која компанија во своето функционирање ја има вклечено социјалната димензија. За да се мотивираат лицата да отвораат социјални претпријатија започна да се организираат обука. Една таква се одржа и во Тетово.

Љубомир Стојчевски е еден од ретките сопственици на фирми кои во себе ја имаат вклучено социјалната компонента. Тој поседува ресторан во Скопје кој работи веќе три години, а 30% од профитот преку храна и пијалаци го разделува на бездомните лица. Вели дека неговиот бизнис поради општествената одговорна компонетна која ја има, се промовира и од година вгодина расте. Клиентите се мотивирани да го посетуваат ресторанот, тие уживаат во храната, а се чуствуваат и хумани, затоа што преку нивната потрошувачка се обезбедуваат донациите за бездомниците.

Во Македонија се организираат обуки со цел да се мотивираат претежно младите да отвораат социјални претпријатија. Обуките се организираат од Агенцијата за подршка на претприемништвото во република Македонија и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи. Предавачи на обуките кои започнаа во Тетово, се лица кои веќе имаат вакви бизниси.

Од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи, велат дека можат дури и мали и микро претпријатија да вметнат социјална компонента во својот бизнис и да бидат успешни.

Социјалните претпријатија во земјите од Европската Унија, учествуваат со 10% од Бруто домашниот производ.



 
     


 
 
18.11.2018 - Како да се произведе енергија, а притоа да не се загрози животната средина

18.11.2018 - Народното тетовско пеење непривлечно за младите

18.11.2018 - Во Гостивар трибина „Преку Илинден и АСНОМ до Уставот на Република Македонија“

18.11.2018 - Етно вешта жена во Гостивар

17.11.2018 - Во Тетово отруени 30 тина бездомни кучиња

17.11.2018 - 500 деца во Македонија се со дијабетес тип 1

16.11.2018 - Кривична пријава за албански државјанин што сторил тешка кражба во Тетово

16.11.2018 - Регистрирани два шумски пожари во полошко

16.11.2018 - Расветлени неколку кражби во верски објекти

16.11.2018 - Ослободителна пресуда за гинекологот Казимир Копривњак донесе Основниот суд Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.