13.09.2018 - Апел на СВР Тетово за превенција од пожари


Од пред извесно време во Полошкиот регион, на поедини места, можат да се забележат запалени и неизгаснати огнови, чии пламени јазици и чад брзо се шират наоколу.

Најчести места каде се палат вакви огнови се нивите на кои веќе е собран родот и на кои забрзано се чистат отпадоците, меѓи и стрништа, што е вообичаена земјоделска практика за овој период од годината.

Имајќи во предвид дека огновите неретко брзо пламнуваат и шират и дека овие денови претходеше и, според најавите на синоптичарите, ќе следи суво и ралативно топло време, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира, пред се до земјоделците да не палат огнови и потоа да заминат од местото, но и да не фрлаат опушоци или неизгаснати догорчиња додека работат на нивните ниви.

Истото се однесува и на граѓаните кои поради најразлични потреби се движат низ шумите.И ним им се советува да бидат докрај внимателни, зашто доволно е само една искра да се претвори во голема огнена стихија, која потоа тешко се локализира и која може да има, односно да резултира со сериозни последици по животот и имотот на голем број граѓани.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека намерното предизвикување пожар претставува кривично дело за кое, зависно од околностите и последиците, предвидена е и повеќегодишна затворска казна.


Наташа Петровска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.