13.09.2018 - Не ја платил сметката, па изел ќотек од сопственикот


Како што соопшти СВР Тетово, вчеравечер околу 23 часот и 45 минути, пред угостителски објект лоциран во комплексот „Базар“ во Тетово, се случила тепачка во која учествувале двајца тетовци на возраст од 20 и 26 години. Дваесетгодишникот претходно со неговите четворица другари престојувале во угостителски објект на улица „Димо Гавровски Кара“ Тетово и без да ја платат сметката, еден по еден, излегле од објектот. По нив веднаш се упатил сопственикот на објектот и кога го стигнал започнала меѓусебна физичка пресметка, во која двајцата задобиле видливи повреди.

На кружниот тек на улиците „Видоја Смилевски-Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово, вчера околу 19 часот и 30 минути, патничко возило „Ауди А4“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 30-годишен тетовец удрило во двајца пешаци од Тетово на возраст од 15 и 18 години, соопшти СВР Тетово. Повредените пешаци пренесени се и по укажаната помош, задржани се за лекување во тетовската клиничка болница.

На автопатот Тетово-Скопје во близина на клучката Југ, вчеравечер околу 23 часот и 40 минути запрено е патничко возило „Даеву ланос“ со тетовски регистерски таблици, што го управувал 46-годишнниот тетовец, а во кое се наоѓале сопатниците 18 годишно момче и 45 годишен жител на Мала Речица, соопшти СВР Тетово. При преглед на 45 годишникот во џеб од панталоните, пронајдена му е ќесе со марихуана, кое е фотодокументирано и одземено за вештачење, додека тројцата се приведени и задржани за расчистување на случајот.

Вчеравечер околу 22 часот и 15 минути, на улица „Беличица“ во Гостивар приведен е 37-годишен албански државјанин кој непријавено престојувал на подрачјето. МВР информираше дека вчера во 17.05 часот на Граничен премин Блато, поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување“ од слобода е лишен 44 годишен жител на Сенокос.

Наташа Петровска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.