12.09.2018 - Во Гостивар се отвори Центар за млади и заедницата, наменет за професионален и личен развој на младата популација
Младата популација од Гостивар доби свое катче кое ќе иж служи за креативен, професионален и личен развој. Центарот за млади и заедницата се наоѓа во објект близу болницата и располага со 220 квадратни метри површина, опремени простории, компјутери, книги.
Проектот го реализира невладината организација „Демокраси Лаб“ со поддршка на Американската Амбасада во Македонија и општина Гостивар.
На свеченото отворање присуствуваше Амбасадорот на САД, Џес Бејли.
„Овој центар ќе ќе овозможи младите од Гостивар да се соберат на едно место. Наместо да ги користат социјалните медиуми и да комуницираат онлајн, може да дојдат тука, да се сретнат и да разговараат лице во лице, да развиваат идеи. Среќни сме што имавме улога на катализатори во овој прокет. Ве повикувам вас, младите да реализирате свои активности и да давате идеи. Експериментирајте и бидете креативни, изјави Џес Бејли, Амбасадор на САД во Македонија.
Иницијаторот на проектот и извршен директор на „Демокраси Лаб“, Сефер Селеми ги повика младите максимално да го искористат капацитетот на центарот, да се дружат, да учат и да развиваат креативни идеи.
На отворањето неколку младински организации и групи накратко ја претставија својата работа и мисија, а презентираа и модел на Саат кулата, кој репродуцира музика, што самите го изработиле.
|
|