12.09.2018 - 18 годишник фатен со пиштол

Околу 4 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово во Блок 82 во Тетово го забележале 18-годишникот и се упатиле кон него за да му извршат личен преглед.

Тогаш момчето од појасот извадил сигнален пиштол „Екол специјал“ со празна рамка, кој го поседувал без одобрение и го спуштил, односно оставил на бетонските плочки од паркингот. Пиштолот е фотодокументиран и ќе се вештачи. Момчето е приведено е и ќе се соочи со соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.

Педесет и четиригодишник од тетовското село Непроштено, вчера околу 14 часот пријавил во полицијата дека од 9 септември ја нема неговата ќерка. Тој информирал дека на 9-ти септември со автобус од Швајцарија, каде времено работела како негувателка, во Тетово тргнала ќерката, но сеуште не дошла дома.

Рано утринава околу 4 часот и 30 минути, на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во непосредна близина на Ростушки мост, патничко возило „БМВ“ со охридски регистерски таблици, управувано од 55-годишник од селото Бајрамовци, Центар Жупа, загубило контрола и удрило во бетонски заштитен sид како продолжение на мостот.

Од удирањето во sидот, 47-годишната сопатничка од Скудриње добила тешки телесни повреди (скршеница на десната рака ) и по укажаната лекарска помош во Здравствениот дом Ростуше и во Болницата во Дебар, пренесена е во Охридската болница „Свети Еразмо“.





























 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.