11.09.2018 - Во возило управувано од дваесетгодишник од Куманово е пронајдена марихуана

Вчеравечер ( 10 септември ) околу 23 часот и 30 минути, на наплатната станица „Желино“ полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко возило „Форд ескорд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (20), а како сопатници биле Д.М.(18), А.П.(19) и едно 15-годишно девојче, сите од Куманово. По извршениот преглед, под предното совозачко седиште било пронајдено најлонско ќесе во кое имало околу 400 грама марихуана. Лицата се однесени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчеравечер ( 10 септември ) околу 22 часот и 30 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавено е оштетување на црквата „Света Богородица“, лоцирана на улица „Питу Гули“ во Тетово. Две засега непознати лица се искачиле на дрвената платформа и со камен го скршиле надворешното прозорско стакло од црквата, а откако биле забележани, веднаш избегале, информира СВР Тетово.

Од таму и информација за повреден десетгодишен пешак. Имено, вчера ( 10 септември ) околу 13 часот и 40 минути, на ул.„109“ во Тетово, патничко возило „Форд Фокус“ со италијански регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф.(60) од Тетово, удрило во 10-годишно момче од Тетово. На детето му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово.

На 9-ти септември околу 11 часот и 30 минути, покрај локалниот пат во гостиварското село Орќуше бил пронајден паднат 57-годишниот М.Б. од ова село, кој бил во неконтактибилна состојба.Набрзо, М.Б. пренесен е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, од каде поради влошената здравствена состојба, итно е префрлен на скопските клиники. Вчера ( 10 септември ) М.Б. починал и ќе се врши обдукција врз неговото безживотно тело за да се утврдат причините за смртта. Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
18.11.2018 - Како да се произведе енергија, а притоа да не се загрози животната средина

18.11.2018 - Народното тетовско пеење непривлечно за младите

18.11.2018 - Во Гостивар трибина „Преку Илинден и АСНОМ до Уставот на Република Македонија“

18.11.2018 - Етно вешта жена во Гостивар

17.11.2018 - Во Тетово отруени 30 тина бездомни кучиња

17.11.2018 - 500 деца во Македонија се со дијабетес тип 1

16.11.2018 - Кривична пријава за албански државјанин што сторил тешка кражба во Тетово

16.11.2018 - Регистрирани два шумски пожари во полошко

16.11.2018 - Расветлени неколку кражби во верски објекти

16.11.2018 - Ослободителна пресуда за гинекологот Казимир Копривњак донесе Основниот суд Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.