09.08.2018 - Мајка пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка била физички нападната од сопругата на нејзиниот поранешен маж

Во Полициска станица Тетово вчеравечер 22-годишна жителка на с. Чегране, гостиварско, пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка била физички нападната и навредувана од сегашната сопруга на нејзиниот поранешен сопруг. Според податоците на СВР Тетово девојчето на 6 август отишло кај нејзиниот татко во с.Горно Палчиште. Наредниот ден откако пријавителката телефонски се слушнала со ќерка и која барала да се врати дома, отишла во село Горно Палчиште каде девојчето и кажало дека било физички нападнато и навредувано од сопругата на татко и. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во билтенот на случувања на СВР Тетово информација и за сообраќајна незгода. Вчера во 14.20 часот на ул. ,,Иво Лола Рибар“, пред крстосница со ул.,,Поточка“, мотоцикл „Кавасаки“ без регистарски таблици, управуван од 24-годишник од Тетово, со место на живеење с.Селце, излетал од патот и удрил во жардињери. Од ударот со повреди се здобила 18-годишната сопатничка на мотоциклот, од село Слатино. Таа со друго возило била пренесена во Клинички центар Тетово и по укажаната лекарска помош била задржана за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Полицијата информира и дека вчера во куќа во с.Дебреше, гостиварско, починал 70-годишник од Република Турција. Од лекар при Медицинскиот центар Гостивар била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.




 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.