08.08.2018 - Гостиварец се паркирал на пешачки па го навредувал полицаецот кој го опоменал




Вчера во 17.15 часот на регионалниот пат Тетово-село Сиричино, кај воениот склад „Еребино“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 35 годишен жител на село Калник и патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 24 годишен жител на Шемшово, соопшти СВР Тетово. Притоа, на повреди се пожалиле возачот на возилото „Голф“ и неговите тројца сопатници. Со друго возило тие биле пренесени во клиничка болница Тетово каде им била укажана лекарска помош. Поради карактерот на повредите возачот бил задржан на лекување, додека сопатниците, по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Како што соопшти СВР Тетово вчера во 12.20.часот полициски службеник од Полициска станица Гостивар, додека вршел служба од областа на сообраќајот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, бил навредуван и омаловажуван од лицето 63 годишен гостиварец, кој го паркирал своето возило „Голф“ со гостиварски регистарски таблици на пешачки премин, а од полицискиот службеник неколку пати му било кажано да го тргне возилото. Набргу потоа гостиварецот бил приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Наташа Петровска


 
     


 
 
15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

14.08.2018 - Непознато лице си купувало онлајн со пари на 40 годишна тетовка

13.08.2018 - Полицијата откри 32 годишен жител од Тетово како се забавува со огнено оружје.

13.08.2018 - 18 годишно момче од Скудриње се обидело да ја силува својата поранешна девојка

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.