08.08.2018 - Света Петка се прослави во патроната црква во Туденце

И годинава, традиционално во Туденце не изостана одбележувањето на православниот празник, посветен на Преподобна маченичка Параскева - Света Петка. Чествувањето започна со Света богослужба во патрониот храм Света Петка во селото. Туденчани со години го одбележуваат денешниот ден, селската црква е преполна уште од раните утрински часови, се палат свеќи за телесно и духовно здравје, се принесуваат дарови во чест и слава на Света Петка.
Света Петка е родена во Рим, воспитувана од своите родители во вистинска благочестива вера, во светото православие.

По светата литургија во дворот на црквата Света Петка отец Мицковски го прережа кумскиот колач, а потоа и лебовите кои сите семејства од селото ги принесоа за здравје.

Да се биде кум на прославата на патрониот празник на Туденце, Света Петка е голема чест за секој верник. Се верува дека кумството носи мир и благосостојба во семејството на оној на кого ќе му се падне паричката во кумскиот колач.

Мештаните од дамнина ги почитуваат црковните обичаи и традиции, така што празникот го одбележуваат и како црковна и како селска слава.

Како што доликува на секој црковно народен собир така и овој не помина без братско сестринската трпеза на љубовта. За присутните верници, веќе години наназад храната ја подготвува професионалниот готвач.

Прославата на празникот Света Петка продолжи во домовите на туденчани.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.