08.08.2018 - Тепачка меѓу две семејства во Гостивар



Како што соопшти СВР Тетово вчера околу 22.00 часот во населба Фазанерија 2 во Гостивар настанала физичка пресметка помеѓу две семејства и нивните пријатели. Во тепачката биле користени разни предмети од двете страни. Во тепачката со телесни повреди се здобиле 53 годишен тетовец и уште шестминина гостиварци на возраст од 27, 34, 32, 22, 49 и 18 години. Додека со тешки телесни повреди се здобил 26 годишен жител на тетовското село Теарце. Тој, по укажаната помош во гостиварската болница, а поради сериозноста на повредите, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 17.30 часот во Полициска станица Тетово, 54 годишна тетовка и нејзината 25 годишна ќерка пријавиле семејно насилство извршено од нивниот син и брат. Во текот на денот дошло до расправија мајката и синот при што синот и барал пари и ја навредувал. Истиот ден околу 17.30 часот, тој започнал расправија и сестрата. И барал пари и физички ја нападнал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Од полицискиот билтен и информација за пукање на семејна веселба. Вчераа во 17.00 часот во Центарот за известување и команда Тетово било пријавено дека во село Дебреше, за време на одржување на семејна веселба, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека нарушувањето било извршено од страна на 53 годишен жител на село Сенокос. Тој испукал неколку куршуми со гасен-сигнален пиштол „Екол Арас“ калибар 9мм. На местото не биле пронајдени чаури, а лицето било приведено за понатамошна постапка. Гасниот пиштол му бил одземен со потврда. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Наташа Петровска

 
     


 
 
15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

14.08.2018 - Непознато лице си купувало онлајн со пари на 40 годишна тетовка

13.08.2018 - Полицијата откри 32 годишен жител од Тетово како се забавува со огнено оружје.

13.08.2018 - 18 годишно момче од Скудриње се обидело да ја силува својата поранешна девојка

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.