08.08.2018 - Со панихида и положување на букети свежо цвеќе во месноста Карпалак, се одбележа 17 годишнината од загинувањето на десетте прилепски бранители.


Со панихида и положување на букети свежо цвеќе во месноста Карпалак, се одбележа 17 годишнината од загинувањето на десетте прилепски бранители. Лицата кои го преживеаа нападот и бранителите кои учествуваа на чествувањето, и годинава се пожалија за игнорантскиот однос на државата кон луѓето кои ја бранеа Македонија во 2001 година.

И 17 годишнината од загинување на 10 те прилепски бранители кај Карпалак, се одбележа пред малата спомен плоча поставена на банкината од Автопатот Скопје – Тетово.

Бранителите и лицата кои го преживеаа нападот велат дека ќе помине и втората деценија од масакрот, но надлежните не презеле мерки да им се оддаде почит на загинатите на достојно спомен обележје. Се пожалија дека државата ги заборавила луѓето кои ја бранеа државата. Голем дел од нив не се обештетени и се без здравствено осигурување.

Стојанче Ангелов бранител од 2001 година сега како преставник на владина делегација, рече дека власта ќе излезе во пресрет на барањата на бранителите ако се издржани.

Букети свежи цвеќиња на местото на трагичниот настан, положија делегации од собранието, претседателот, Министерството за одбрана, преставници на семејствата на загинатите, политички партии и здруженија.

Од одборот на бранители, истакнаа дека нивна должност е да ги чествуваат и организираат ваквите настани, иако политика прави обиди да се заборават ваквите настани,

Крвавиот масакр кај месноста Карпалак се случи на денешен ден во 2001 година околу 10 часот. Конвојот на АРМ беше подмолно нападнат од заседа, при што беше погодено едно транспортно возило на АРМ, во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав на армијата

 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.